Се омажи Нина Ангеловска, најмладата министерка за финансии


Поранешната министерка Нина Ангеловска викендов стапна на „лудиот камен“. Ангеловска му кажа да на докторот Виктор Станков, со кого направија свадбена веселба во познат скопски ресторан.

Сосема очекувано меѓу присутните гости има познати лица од јавниот и политичкиот живот.

 

За најпосебниот ден Нина избра елегантна бела венчаница, а во иста боја одело е нејзиниот сакан, додека нежната шминка ја истакна нејзината природна убавина а косата ја собрала во ниска пунџа.

Меѓу гостите беа и поранешните премиер Зоран Заев и министер за здравство Венко Филипче.

 

Парот се венчал во соборониот храм во Скопје, а младенците биле пречекани од блиски роднини и пријатели пред црквата.

Во 2019 година Нина стана министер за финансии и беше еден од најмладите македонски министри за финансии. Претходно, ја знаевме како основач на Grouper.mk и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.Пред да заплива во политичките води се најде на листата на „Форбс“ со триесет најдобри претприемачи на ниво на Европа.Блиските ја опишуваат како голем поборник на спортскиот живот и често трча маратони.