Се омажи ќерката на Дарио – пејачот објави емотивни свадбени фотографии


Ќерката на Дарио, Андреа Панковска направи свадба  во Охрид, а сега поп- пејачот на Фејсбук објави бајковити свадбени фотографии со неа, со Охридското езеро во позадина.

Андреа е романтична невеста со бисери, а Дарио е елегантен во костум со розова кошула и шамивче.

На фотографиите на кои позираат заедно, потпишани од Мики Манца, Дарио во описот напиша: „Моето девојче“. Со сопругата Бојана, една ретка среќна љубовна приказна од Скопје, го имаат и синот Бруно.

На Инстаграм пак се споделени фотографии и од младоженецот Тео.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Мики Трајковски-Манца (@miki_manca_photographer)

 

Годините не му можат ништо на Дарио, хитовите од тридецениската кариера уште му се вртат во етерот како сончев ден со температура од 40 степени. Иако не снима песни како порано, се појавува на разни музички настани. 

Во претходно интервју за „Независен“, Дарио проговори за приватниот живот. 

Која е тајната на успешното и среќно семејство?

Најверојатно секое успешно семејство си има свои домашни правила, црвени линии, начин на воспитување, меѓусебно почитување и сакање, искреност и блиска поврзаност, па така и моето семејство.

Имате веќе возрасни деца, Андреа и Бруно. На кои животни лекции ги учевте и на што да внимаваат?

Кога беше време за тоа, јас и мојата сопруга Бојана дававме максимум од себе за да ги научиме на вистински вредности, дека семејството е основна и највисока институција, на едно урбано градско воспитување и однесување, на култура на живеење, па и на музичка култура. По она што денес го гледаме од нив, мислам дека сето тоа во најголем дел не било залудно. (Л.С.)