Се омажи Биба Додева


Поп-пејачката  и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева (47), пред неколку дена повторно „застана на лудиот камен“, овојпат со нејзиниот партнер Срѓан Шрепфлер.

„Љубов над сè!“

Со оваа реченица Биба ја соопшти убавата вест со своите фејсбук-пријатели и обожаватели по повод својата венчавка, која се одржа со мала забава за само најблискиот круг на луѓе.

„Драги мои пријатели, ви ја споделувам нашата среќа со вас! Ви благодарам од срце за убавите честитки и желби, како за роденденот, така и за нашата венчавката. Пресреќни сме, да ни трае!“, додаде таа во објавата за среќната вест.

Таа е мајка на ќерката Емануела и баба на внукот Александар.