Се огласи мајката на аутистичното момче кого Роналдо го удри


 

Сара Кели, мајка на аутистичното момче кого го удри Кристијано Роналдо на натпревар и му го турна мобилниот од раце, објасни што точно се случило на излезот од теренот „Гудисон парк“.

Победата на Евертон над Мачестер Јунајтед (1:0) ја одбележа овој срамен потег на Кристијано Роналдо по натпреварот. На излезот од теренот тој по раката го удри Џејкоб Кели и му го исфрли мобилниот од рака, со кој ги снимаше фудбалерите.

Роналдо набрзо се извини и го повика младиот навивач да присуствува на натпревар на „Олд Трафорд“, а по тој повод се јави мајката Сара во разговор за Ливерпул ехо.

„На крајот на натпреварот играчите на Манчестер Јунајтед почнаа да излегуваат од теренот. Бевме во „Парк енд“, веднаш до тунелот каде поминуваа играчите. Мојот син ги сними сите. Ги снимаше сите играчи, а потоа го спушти телефонот додека Роналдо го повлекуваше чорапот затоа што ногата му крвареше. Го спушти телефонот за да види што се случува. Не прозборе. Тогаш Роналдо поминуваше покрај нас и со ужасен став му го турна телефонот од рацете на син ми и продолжи да оди“, објаснува Сара.


Мајката на несреќното момче објасни дека Џејков (14) добил удар што го оправда со фотографија од раката.

„По модрицата се гледа дека добил удар. Едноставно, не можам да верувам дека зборувам за тоа Плачев, бев потресена. Џејкоб беше во шок. Аутистичен е и има диспраксија, па не сфати што се случи додека не си појдовме дома. Навистина е вознемиран поради тоа и потполно го одврати повторно да појде на натпревар. Ова е прв натпревар на кој бил и се случи ова“, вели шокираната Сара.

Роналдо се објасни за срамниот потег и вети дека на навивачот ќе му се оддолжи за скршениот телефон.

Мајка му на Џејкоб додаде дека денот бил фантастичен се до немилата сцена на крајот од мечот.