Се огласи и Блинкен: Лицата на црната листа ја загрозуваат безбедноста на регионот
По ставањето на Никола Груевски и Сашо Мијалков на црната листа на САД се огласи и државниот секретар Ентони Блинкен соопштувајќи дека тие двајца и другите назначени личности ја загрозуваат регионалната стабилност, прогресот и европската интеграција.
„Денеска Стејт департментот и Министерството за финансии презедоа санкции за актери во Западен Балкан за дестабилизирачки и коруптивни активности. САД и партнерите како Обединетото Кралство бараат одговорност од оние кои ја загрозуваат стабилноста, напредокот и европската интеграција на регионот“, напиша Блинкен на Твитер.
Велика Британија воведе санкции против Милорад Додик, член на претседателството на БиХ, и Жељка Цвијановиќ, претседателка на Република Српска.