Се огласи Флавио Бријаторе од болница: Mилијардерот откри во каква состојба е


Странските медиуми објавија дека Флавио Бријаторе е позитивен за вирусот корона и дека се наоѓа во сериозна состојба.

Италијанскиот милијардер се јави од болничкиот кревет и ги негираше овие обвинувања и посочи дека е хоспитализиран поради воспаление на простатата и дека сè уште ги чека резултатите од тестот за корона вирусот.

„Дојдов во болницата во неделата и бев задржан поради воспаление на простатата. Кога сум тука, зедоа брис, но сè уште не знам дали сум позитивен за вирусот корона. Можеби и сум позитивен, со оглед на настаните во Сардинија, но јас се чувствувам добро, многу добро“, рече тој.

Бријаторе управуваше со „Бенетон“ и „Рено“ во Формула 1, тој беше едно од најголемите „лица“ на натпреварот, а надвор од патеката тој е познат по неговите врски со најубавите жени во светот.

Тој неодамна се најде во центарот на вниманието кога еден од неговите угостителски објекти во Порто Черво беше прогласен за жариште затоа што повеќе од 60 вработени и гости се заразија со корона вирусот.