Се одложува укинувањето на поместувањето на сказалките од часовникот?


Секој жител на Европа што се надеваше дека ќе заврши порамнувањето на времето два пати годишно, ќе мора да се стрпи.

Имено, како што пренесува хрватскиот портал Index.hr, повеќето земји членки од ЕУ побараа дополнително време за во пракса да се примени укинувањето на поместувањето на сказалките на часовникот по летно, односно зимнско сметање на времето, стои во документот кој го издаде романското претседателство со ЕУ.

Европскиот парламент усвои одлука со која на крајот на март годинава се укинува поместувањето на часовникот, а на земјите членки на ЕУ оставено име да се усогласат до 2021 година, односно да се одлучат дали ќе го применуваат летното или зимското сметање на времето.

Но, државите ќленки истануваат неусогласени околку бројни прашања, а нивното одобрување е потребно за промената да стигне на сила. Поради тоа е закажана расправа нво ЕП, во четврток, кога ќе се состанат европските министри за сообраќај. Сепак, не се очекува никаква конечна одлука да биде донесена.

Романија, која претседава со унијата, предупреди дека неопходно е да се усогласат сите ставови, на сите членки на ЕУ за да се спречат „разноликостите на временските зони“ и да се осигура правилното функционирање на единствениот пазар.