Се обновуваат повеќе училишта во Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека во моментов се реализираат градежно – занаетчиски работи во општинските основни училишта со цел создавање на подобри и поквалитетни услови за учениците во новата учебна година.
„Градежни активности се реализираат во повеќе училишта и тоа:
– ООУ Његош се врши комплетно молерисување на училиштето и фискултурната сала;
– ООУ Стив Наумов уредување на училишниот двор со павер елементи;
– ООУ Кирил и Методиј, подрачно училиште Страчинци реконструкција на покривот;
– ООУ Крум Тошев, реконструкција на дел од водоводна и канализациона мрежа;
– ООУ Наум Охридски, втора фаза за изградба на училишната сала;
– ООУ Григор Прличев, изградба на челични скали за евакуација.
Општина Гази Баба подготвено ќе го дочека почетокот на новата учебна година.
Дополнително во тек е изработката и на училишните униформи кои општина Гази Баба ги обезбедува бесплатно за секој ученик. Едноставно секој ден го користиме во насока на обезбедување на подобри и поквалитетни услови за нашите најмили“ напиша Стефковски.