Се обновуваат некои патеки во Ново Лисиче – уште многу остануваат
Дел од плочниците покрај бул. „Видое Смилевски – Бато” во Ново Лисиче ќе добијат нов лик, информираше утрово градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески преку социјалните мрежи.
Тој додаде дека со оваа интервенција ќе се обезбедат 1.400 метри квадратни на нови патеки, тротоари и пристапи.
Сепак, тоа е многу мал дел од ваквите плочници и тоа само во Ново лисиче. Такви плочници има и во поголемиот дел од стар Аеродром, околу трговските центри, се до околу „Скопјанка“.
Прен неколку дена, граѓани на социјалните мрежи реагираа дека плочниците во Аеродром треба да се подноват, затоа што се направени пред повеќе од 40 години, а досега ретки се деловите каде плочките се сменети и цврсто наредени. Кога времето е дождливо, чиста среќа е да поминеш по нив, а ниту една да не те испрска.