Се намалува вирулентноста на вирусот


 

Министерот за здравство Венко Филипче, како и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски сметаат дека вирулентноста на вирусот паѓа, оправдувајќи го ова тврдење со фактот што се повеќе од новодијагностицираните немаат симптоми.

– Врз основа на бројот на асимптоматски случаи. Огромен број од новодијагностицираните и по десет дена не покажале ни еден симптом. Исто така, оние кои се во болница, немаат тешки симптоми и не им е потребна механичка вентилација – рече министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Претходно, во својата презентација д-р Караџовски покажа дека од 10 нови случаи, седум се асимптоматски, што покажува дека се намалува вирулентноста на вирусот.

Сепак и двајцата инсистираат на тоа дека народот треба да разбере дека вирусот е жив, го има во Македонија и дека луѓето треба да се придржуваат до мерките, држење дистанца, негрупирање и носење маски.