Се јави и ССМ, го поддржува неработењето во „Комунална хигиена“
Сценариото за создавање хаос во Скопје што се случува во ЈП „Комунална хигиена“ почнува да наликува на тоа што се случуваше претходно во ЈСП и во ЈП „Водовод и канализација“, со цел очигледно да им се загорчи животот на граѓаните во Скопје и за тоа да се обвинува како одговорна Владата, иако градското раководство го избра ВМРО-ДПМНЕ. Ваквиот развој на настаните беше предвидлив, при што очигледно се чекаше да зоврат температурите (кога најмногу се шири смрдеа) за да го почнат несобирањето на отпадот. Како и тогаш и сега се јави
Сојузот на синдикатите на Македонија, кој на својата фејсбук страница објави дека ја поддржува одлуката на дел од вработените да не собираат ѓубре и да не работат во име на некакви работнички права, и тоа токму за време на викенд.
-ССМ најостро ги осудува заканите кон вработените во „Комунална хигиена“ Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како што се наведува, „ се слуша како директорката на Комунална хигиена упатува закани и навреди кон вработените“. Истовремено, како што стои, ССМ најостро го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени, како и да го избрка од работа претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена при СУТКОЗ, Дели Дардишта, кој има над 30 години работно искуство и тоа исклучиво поради синдикалната борба која ја води за работниците. Укажуваме дека на претседател на синдикат не може и не смее да му се откажува договор за вработување и дека ССМ ќе ги искористи сите расположливи механизми за заштита на претседателот Дели Дардишта од нечовечкиот однос на раководството во ЈП Комунална хигиена, се наведува во објавата.
Потоа се додава:
-ССМ целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.Работниците, како што се посочува во објавата на ССМ на Фејсбук, им се извинуваат на граѓаните поради тоа што не се собира сметот и ги инфирмираат дека револтот е против раководството на ЈП Комунална хигиена.
Се јави и ВМРО-ДПМНЕ со циркузантско соопштение со кое сака да ги увери граѓаните дека не стои зад овие синхронизирани протести насочени против градоначалничката Данела Арсовска, па уште и вината ја префрла на власта на СДСМ.
–Скопје тоне во ѓубре, Ковачевски и Арсовска да се договорат да го исчистат исто како што се договараат за тендери. Како што беа сложни Ковачевски и Арсовска кога советниците на СДС и ги гласаа финансиските програми, така да бидат и сега и да го исчистат Скопје.Како што беа сложни со тендерот за гориво во ЈСП, така нека се сложни и сега и да го исчистат Скопје.
Ковачевски и Арсовска го заглавија градот Скопје, секој месец нови проблеми, стои во оваа реакција со која безобразно ја потценуваат интелигенцијата на нацџијата.