Се јави Артан Груби: „Во ДУИ сите се построени зад Али Ахмети“
Главната цел на незадоволниците во ДУИ, првиот вицепремиер Артан Груби, денеска ги отфрли наводите дека имало раскол во партијата.
„Не само ДУИ, која било партија, која било институција, кој било општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проектите. Нема раскол во ДУИ“, рече Груби.
Тој му ги гаде сите заслуги на лидерот на партијата Али Ахмети. „Нема Ахмети потреба од ДУИ, туку ДУИ има потреба од Ахмети. Видовте, вчера сите беа построени зад Ахмети“.
Според него, јавноста и новинарите, па и конкурентските партии, знаат дека ДУИ имала цврсти позиции во Владата и дека партијата е носител на значајни проекти. „Во вакво компликувано време нема потреба од дефокусирање од задачите кои се пред нас во интерес на државата. Претстојат важни одлуки поврзани со отпочнатиот евро-процес, тука е и борбата со корупцијата, големи инфраструктурни проекти, како автопат кој ќе нѐ поврзе со Тирана, Впрочем, вчера Ахмети ги реафирмира одлуките од Конгресот кои значат стратегиски задачи за партијата“, рече Груби.
Тој вели: „Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој нѐ гласал“. И нагласи дека ќе остане на својата висока функција во Владата и покрај инцијативата за негова смена.