Се избориле со коронавирусот, но развиле синдром на хроничен замор


Многумина кои се опоравиле од коронавирусот развиле синдром на хроничен замор и посттрауматско стресно нарушување (ПТСП), изјавил  главниот унгарски епидемиолог.

Приближно 20 до 25 проценти од пациентите кои се опоравиле развиваат синдром на хроничен замор (ЦФС), а 10 проценти од оние кои се лекуваат на интензивна нега страдаат од ПТСП, соопшти Јанош Славик од Јужната болница во интервју за ТВ канал М1, додавајќи дека многу други пациентите во Унгарија покажуваат знаци на ПТСП по победата на болеста.

Славик нагласил дека маската треба да се носи на дисциплиниран начин и дека на оваа мерка за заштита младите треба почесто да се потсетуваат.