Се гради новата повеќенаменска спортска сала во рамки на ООУ „Братство“ во Тафталиџе 2


Од Општина Карпош денеска информираа дека со поставувањето на камен-темелникот, официјално започнала изградбата на нова современа повеќенаменска спортска сала во рамки на ООУ „Братство“ во Тафталиџе 2.

Увид во градежните работи денеска извршиле премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, со што заеднички го означиле почетокот на реализацијата на овој значаен проект за карпошани.

„Наместо старата сала, ќе никне модерен спортски објект од 1.427 метри квадратни, наменет за спорт, рекреација и развој на нови генерации спортисти“, посочија од Општината.

Салата ќе располага со трибини со 400 места, создавајќи услови за тренинзи, спортски школи, натпревари и различни спортско-културни манифестации.

Инвестицијата е вредна 63.411.966 денари со ДДВ, обезбедени со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија преку Министерството за образование и наука.