Се докапитализира Развојната банка за спроведување на КОВИД-19 мерките


Владата на денешната 29-та седница донесе Одлука за зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Како што информира владината прес-служба, целта на предложената докапитализација на Развојната банка е зголемување на поддршката за приватниот сектор преку поддршка на извозот, особено во услови на отежнато работење и намалена ликвидност предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, како и олеснување на пристапот до суровини за преработка.

– Со оваа одлука ќе се обезбеди реализацијата на мерката за издавање на царински гаранции во вкупен износ од три милиони евра, која беше утврдена со четвртиот пакет на економска поддршка на компаниите од приватниот сектор за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, се истакнува во соопштението од владината седница.