Се чисти коритото на Вардар во Центар, ги потсети ли Тортевски?


Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2025 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за машинско чистење на коритото на реката Вардар.
 
Се чисти  делот кај галиите во Централно градско подрачје, машински се отстранува насобраниот шут и гранки во коритото на река Вардар. 
 
Екипите изминатиот период тековно ги извршуваат активностите со рачното отстранување на нискостеблестата вегетација од косините на реката.
 
Рачното чистење продолжува да се извршува  и во наредниот период  согласно планот за работа и по налог на Град Скопје.
 
Александар Тортевски од партијата Твоја викендов повика на акција за чистење на коритото на Вардар, и тоа не којзнае каде – туку во најцентралниот дел од градот. По акцијата тој објави фотографија објавувајќи дека ги нашол моштите на Афри Кола.