Се чека на Комисијата за заразни болести како ќе се слави Илинден


Во Крушево, во пресрет на празникот Илинден чекаат Комисијата за заразни болести да каже како ќе се прославува и како ќе се одвива манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој е и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, големиот Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание ќе се прослават достоинствено, но очигледно ќе изостанат собирањата. Само се знае дека програмата на манифестацијата ќе биде скратена, но за сè друго, треба да даде препораки Комисијата за заразни болести.