Се асфалтира улицата „50“ во Шуто Оризари


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изврши увид во градежните работи за реконструкција на улицата „50“ во општината Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за граѓаните на оваа општина и со која се решаваат долгогодишните проблеми во овој дел од градот. Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции од страна на Град Скопје на улиците 18, 38 и 40 се зголемува квалитетот на патната инфраструктура и значително се подобруваат условите за жителите во Шуто Оризари.
 
Реконструкцијата ја изведуваат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје, а главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за сите нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот.