(Видео) СДСМ за „бомбите“: Зариба машината за лажни вести


„На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец.
Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она ‘Марш’ од Заев во разговорот.
Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, ‘јас велам МАРШ’ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција“, вели во својата реакција СДСМ откако последниот ден од предизборната кампања минува во знакот на „бомбите“.
По аудио-снимката со Христијан Мицкоски, попладнево се појави една аудио-снимката за  Зоран Заев, објавена на нов Јутјуб канал „Зоки рекетарот“.

„Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совет ми даде, што да правам, бара пари, значи он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи јас влегувам во оваа работа“, наводно се слуша на аудио-снимката која трае 12 секунди.

Кога се споменуваат парите, гласот за кој се тврди дека е на лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели „мaрш“, а во видеото е пишано како „Важи јас влегувам во оваа работа“, со што се остава впечаток дека тонскиот запис е монтиран и заборавено е да се отстрани делот со „мaрш“ за да се прикаже дека тој земал рекет.

На снимката може да се слушнат и неколку нагли прекини со нелогични реченици.

Адвокатот Димишков инаку беше сведок и во случајот „Рекет“, а неговата сестра му одреди притвор на бизнисменот Орце Камчев за случајот „Империја“ и му го продолжи.