СДСМ: Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно признание за достигнувањата


Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно и недвосмислено признание за постигнатиот успех во изминатата година.Резултатите на домашен план, преземените храбри чекори, напредокот во реформите се признаени и вреднувани, соопшти СДСМ.

Соред партијата, одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.

„Од особена важност е што оваа одлука ќе биде донесена годинава, што е практично и потврдено со заклучоците на Советот.Најпозитивниот извештај, безусловната препорака за почеток на преговорите и заклучокот од Советот значат целосен успех кој се заокружива во октомври, со конечна одлука за почеток на преговорите до крајот на годината.Владата предводена од СДСМ, министерствата и сите институции продолжуваат со интензивни подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година”, се додава во соопштението.