СДСМ: Заев на одмор, Влада по Илинден

Социјалдемнократскиот сојуз денеска  ја информира јавноста дека по парламентарните избори лидерот Зоран Заев ќе оди на годишен одмор и ќе летува во Македонија, а постизборните активности и преговарања за составување на Влада ќе започнат по празникот Илинден.

„Воедно, ја информираме јавноста дека претседателот Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата“, инфомира СДСМ во своето соопштение.

Од таму уверуваат дека законските рокови ќе бидат целосно запазени од страна на партијата, чиј претседател прв ќе ја има можноста да го побара мандатот од претседателот на државата за да состави Влада.

„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ“, додаваат од партијата.