СДСМ: За неоснованите обвинувања Чулев може да добие кривична пријава


Со неосновани обвинувања Наќе Чулев нема да го спаси Мицковски од одговорност и изборен пораз, може само да добие кривична пријава, порачаа од владеечката СДСМ, оркако министерот за внатрешни работи  најави кривична пријава за екс директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски, за поткуп и принуда.

-Сценарија со политички позадини се обележје на времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Време кога исклучиво фирми и компании блиски на тогашната власт или од кои ВМРО-ДПМНЕ имаше личен интерес и профит грабаа тендери и правеа бизниси. Неоснованите обвинувања од Наќе Чулев се уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило, ја злоупотребуваат полицијата во нивни партиски цели.

Ако техничкиот министер Чулев сака да брка криминал, нека се позанимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски како директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ.Чулев нека ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени и ангажманите на неговите пријатели за консултанти како адвокати.

Најголемиот успех на Мицкоски, по диктат на Груевски е покачувањето на струјата за 100 отсто и укинувањето на евтината тарифа на струјата кое се случи во 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ. Токму СДСМ и одговорната Влада што ја предводи ја врати евтината тарифа на струјата, како една од првите мерки кои ги спроведе, а со тоа  11 милиони евра пари останаа кај граѓаните. Заврши времето на ВМРО – МВРО и полициски хајки за оцрнување за нив неподобните, стои во реакцијата на СДСМ.