СДСМ за Кочани: Зошто Мицкоски го штити началникот Томо Донев?


Мартин Костовски

СДСМ денеска продолжи со серијалот прес-конференции насловени како „Вистината за Кочани“.

– Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени?

Дали обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе по наредба на Христијан Мицкоски? Зошто Христијан Мицкоски лично и директно ја попречува истрагата за Кочани?Дали се плаши дека доколку обвинителството постапи соогласно закон, истрагата за пожарот ќе доведе до него? Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од година дена е началник за криминалистички работи во Кочани? Дали и Донев како и останатите полициски функционери на ДПМНЕ во Штип и Кочани е дел од параполициските партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ кои рекетираат и аминуваат криминал во Источна Македонија?Дали Томо Донев е изоставен само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и редовно ги посетувал состаноците на партијата во Кочани?

Како е можно и покрај сите информации кои ги имала полицијата, службени белешки од полициски службеници, објави на социјални мрежи дека во дискотеката нелегално се користат пиротехнички материјали, началникот за криминалистички работи кој е надлежен над сите инспектори во Кочани да не одговара за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 лица го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?

Како е можно да нема одговорност кај полицијата за нелегалната употреба на пиротехнички материјали?

Токму Томо Донев е по херархија надреден над Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи во Кочани кој морал по Закон да врши надзор над употребата на пиртотехника во градот.

Како е можно и покрај сите јавно објавени фотографии од дискотеката Пулс на кои се гледа нелегално се користи пирхотеника никој да не направи надзор и контрола дали оние кои управувале со пиротехниката имаат дозвола за ракување со истата?

Дали партијата е пред правдата?

Дали личните интереси на Христијан Мицкоски се поважни од солзите на мајките во Кочани?

До кога обвинителството ќе молчи пред фактите и доказите кои упатуваат на кривична одговорност кај голем број актуелни полициски функционери?

СДСМ нема да запре со име и презиме да ги именува оние кои ја завија Македонија во црно. Правда за Кочани мора да има. СДСМ продолжува со серијата на прес-конференции насловени „Вистината за Кочани“ – вели Костовски.