СДСМ за кампањата на ДУИ: Како тргнале, ќе си го сменат и името на партијата


ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите. Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор, реагираа денес од СДСМ на кампањата на ДУИ и презентацијата на Насер Зибери..

„Времето за поделби е одамна завршено. За Коалицијата „Можеме” и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на „едно општество за сите” и сигурна иднина на граѓаните.

Како што тргнале ДУИ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата. Од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција“, истакнуваат од СДСМ.