СДСМ: За каква правда се консултира Силјановска со Михајло Маневски

Фотографијата од средбата на Гордана Силјановска-Давкова со поранешниот министер за правда, Михајло Маневски е директен доказ дека таа одработувала за Никола Груевски, обвинува СДСМ. „За што ли се советуваше Силјановска-Давкова вчера со човекот кој заедно со Гордана Јанкулоска е креатор на заробеното ‘Сваровски’ судство, човекот кој го партизираше судството, кој нарачуваше судски пресуди, кој местеше партиски судии само за да го заштити криминалот на Груевски и фамилијата“.

СДСМ прашува дали Силјановска како носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 побарала совет од Маневски, како заедно со Мицкоски да ги спречат сите процеси што се водат против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, „како да го заштитат нивниот ментор Груевски, како да ги зачуваат парите што ги украдоа од граѓаните? Таа е дел од шемата на криминалната ВМРО-ДПМНЕ  и очигледно ги дели истите вредности и ставови Маневски, симболот на неправдата, со кого нема проблем да седи на иста маса“.