СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за поразот


Фото: Б. Грданоски
СДСМ му порача на ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за да го оправда поразот на изборите,бидејќи  Изборниот законик во однос на политичкото рекламирање е јасен.
 
„Во белиот дворец се уште не можат да се помират со поразот што го доживеаја на 15 јули и затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бара ново алиби.
Колку и да се обидува да манипулира опозициската партија, Изборниот законик во однос на платеното политичко рекламирање и поделбата на просторот е јасен.
Согласно резултатите од претходните парламентарни избори, најголемите две владејачки и опозициски партии беа СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Токму согласно таа распределба е распределена и Државната изборна комисија. Дали според ВМРО-ДПМНЕ и ДИК е незаконска?
Парламентарните избори одржани на 15 јули беа фер, слободни и демократски, граѓаните јасно ја изразија својата волја и потврдија дека државата треба да продолжи на правиот пат.СДСМ ја донесе слободата, ги ослободи граѓаните, компаниите, институциите, медиумите од стегите на режимот, криминалното и коруптивно однесување на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ.Наместо очајно да се обидува да бара алиби и изговори, ВМРО-ДПМНЕ вината во поразот да ја бара во своите редови„, реплицираа од СДСМ.