СДСМ тврди дека Мицкоски бил нервозен по притворот на Камчев
Владејачките социјалдемократи денеска објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побрзал да го одбрани Орце Камчев затоа што имал големи хипотеки кон него.
„Адвокат на Орце е Менкиновски, партиски функционер, човек на Мицкоски, претседател на партиската правна комисија, преговарач за Законот за ЈО… За сите поддршки коишто Орце ги давал на ВМРО-ДПММНЕ ли Мицкоски му се оддолжува сега со дрвен адвокат?
Слабо Мицкоски, можеш ти и повеќе за твојот тајкун Камчев, сети се, токму ти се бореше да паднат предметите од Специјалното јавно обвинителство ама не успеа“, велат од СДСМ.
На ова од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Тони Менкиновски е адвокат со повеќедецениско искуство. Од партијата наведуваат дека Менкиновски сега е адвокат на Камчев, но претходно бил и адвокат на Зоран Заев во случајот „Поткуп“ за наводното барање мито од 200 илјади евра кога тој беше градоначалник на Струмица.
ВМРО-ДПМНЕ уште прашува дали „апсењето на Камчев е лична одмазда на Заев поради случајот ‘Рекет’ каде е компромитирано целото СДС?“