СДСМ: Трајчевски да каже каква е неговата улога за влегувањето на медиумите на Вучиќ во Македонија?
СДСМ предупредува на опасноста од преземање на медиумите во Македонија по истиот терк како што направи Александар Вучиќ во Србија и со парите на исти центри и во тој контекст го повикува директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, да излезе пред јавноста со информација што подготвува за да спречи ваков упад.
„СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија. Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“.Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата.Каква е неговата улога? Дали е известен за промената на сопственичката структура? Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија?Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание?
Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори. Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава? Дали има бугарски пасош?Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките, порачуцваат од СДСМ.