СДСМ со детали за човекот што ги затворил вратите на дикотеката „Пулс“
ВМРО-ДПМНЕ возврати дека СДСМ е некрофилска партија која става „сол на свежи рани“

СДСМ продолжи со објавување на детали околу пожарот што се случи во Кочани, како реакција на тоа што истрагата е завршена а никој од актуелните функционери не е обвинет за трагедијата.
-Mицкоски и Коцевски ја продолжуваат голготата на родителите од Кочани кои речиси три месеци бараат правда за нивните починати деца. Христијан Мицкоски не може да ги погледне овие луѓе во очи затоа што прави се за вистинските виновници за смртта на нивните деца да ги заштити и никогаш да не го видат лицето на правдата.
Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта ниту еден актуелен државен функционер не е опфатен со истрагата на обвинителството. Коцевски и Мицкоски им должат одговор на родителите од Кочани зошто досега нема обвинение против Драган Казак Петрушев сменоводител кој вечерта раководел со акциската контрола во дискотеката Пулс?
Дали е точно дека постои снимка на која се гледа дека лично Драган Петрушев спротивно на стандардните оперативни процедури ги заклучува вратите на дискотеката Пулс и не дозволува никој да го напушти објектот? Ако обвинителството поседува ваква снимка од безбедносните камери на дискотеката зошто досега нема обвинение против Петрушев?
Дали Драган Петрушев има објаснување зошто акциската контола на објектот Пулс не ја прави во 12:30 часот на почетокот на забавата туку спротивно на добиената наредба прави контрола во друг објект, па дури при крајот на забавата во Пулс прави контрола во објектот кој бил должен да го контролира согласно наредбата уште во 12:30 часот?
Мицкоски и Коцевски мора да им одговорат на родителите дали постоела комуникација помеѓу сопственикот на дискотеката и Драган Петрушев и дали барањето од газда Деко било да се прави акциска контрола пред крајот на забавата со цел да го зголеми профитот?
Дали е точно дека против Петрушев се води уште една постапка за издавање на службена тајна и контакт со криминалци кои наместо да ги гони ги информирал за постапките кои се водат против нив?
Дали Драган Казак Петрушев е заштитен затоа што е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и ги врши валканите работи на партијата во градот со години?
Дали можеби Петрушев е заштитен затоа што поседува компромитирачки материјали за истакнати функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и пратеници?
Зошто Петрушев присуствува на речиси секој протест во Кочани во формален капацитет како полицаец, дали целта на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски е да ги заплашува родителите на починатите од Кочани да не говорат за што се случувало кобната вечер?
Колку време е оставено на вистинските виновници за трагедијата во Кочани да прикриваа и уништуваат докази? Колку време им е оставено вистинските виновници да прават притисок врз сведоците и оштетените, да им се закаануваат на родитиелите на починатите во Пулс?
СДСМ остави повеќе од доволно време институциите да донесат правда за жртвите на ова власт, но по се изгледа залудно. СДСМ нема да дозволи да нема правда за 62 починати млади деца и 200 повредени кои се директни жртви на институциите со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ! СДСМ на целата македонска јавност ќе и ја обзнани вистината за трагедијата во Кочани.
Продолжуваме со објавување на Вистината за трагедијата во Кочани.Оваа е видеото од вчерашниот протест на родителите во Кочани на кое се гледа дека Петрушев го обезбедувал настанот!- изјави на прес-конференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ возврати дека СДСМ е некрофилска партија која става „сол на свежи рани“.
-СДС некрофилска, без никакво човечко чувство, повторно ставаат сол на свежите рани на настраданите од трагедијата во Кочани и нивните семејства. Фатени живи како за нив и нивниот претседател Венко Филипче не биле важни човечките животи, туку важни им биле само провизиите, шират хистерија и ја дефокусираат јавноста. Ако на СДС нешто не му е јасно, нека се обрати до надлежните институции, судство и обвинителство, чии членови ги бираше во Струмица. Преку судот на СДС, за сите необјаснети прашања, нека се обратат во Јавното обвинителство и кај Љупчо Коцевски, кој е омилениот обвинител на СДС и ДУИ. Ако не може да го добијат Коцевски, тогаш нека се јават кај обвинителот Гаврил Бубевски од СДС.
Во меѓувреме, фактите говорат дека до сега немало друг случај каде во истрага биле опфатени актуелни, сегашни министри, директори и функционери, од кои дел се сè уште во притвор. Затоа, ги повикуваме СДС под итно да прекинат со некрофилијата и нека одговорат како за провизии кои чинат животи, Филипче дозволил изградба на модуларни болници со неогноотпорни и леснозапаливи материјали, буквално како картонски кутии, запаливи за секунда, што во Тетово однесоа 14 животи. Директорите на болниците до последно се противеле и одбивале да ги примат и да ги пуштат во употреба модуларните болници со сомнителен квалитет, но за тогашниот министер за здравство Филипче провизиите биле поважни од безбедноста и животот на пациентите, па со негова одлука болниците се пуштаат во употреба. Во моментот на трагичниот пожар во модуларната во Тетово, објектот нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство, а болницата изгорела за неполни две минути.
Така да, СДС наместо да собира некрофилски поени и да го политизира и злоупотребува трагичниот настан за кој во истражни постапки се опфатени најголем број актуелни и поранешни функционери, нека одговори дали Јавното обвинителство го штити Филипче за модуларната во Тетово? Зошто Филипче е изземен од целата оваа ситуација, иако осудените поранешни директори рекоа дека на обвинителна клупа треба да седне Венко Филипче, како најодговорен за смртта на 14 луѓе, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ не одговарајќи воопшто на прашањата на СДСМ што ги поставува и јавноста.