СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година


СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година. Од владеечката партија бараат таа да се укине поради условите во кои се одвива образованиот процес, придизвикани од заштитните мерки против коронавирусот.

-Сите ученици треба да се ослободат од полагање на државна матура, а факултетите каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит. На овој начин ќе ги поддржиме учениците, матурантите, имајќи ги предвид специфичните услови во кои се одвива образовниот процес и водејќи грижа за нивното здравје.Сметаме дека ова е најисправната одлука имајќи ги предвид сите аспекти на кризата од коронавирусот за која очекуваме да се произнесат и надлежните институции, соопштија од СДСМ.