СДСМ: Сиљјановска зборуваше против албанскиот јазик, граѓаните нема да дозволат да го урне концептот едно општество


Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска вчера во Тетово зборуваше против употребата на албанскиот јазик. Само некој час подоцна, Мицкоски во ТВ интервју се обидуваше да ја оправда и им се обраќаше на граѓаните Албанци. Сиљановска уште еднаш покажа дека е против концептот на едно општество, дека нема намера да биде претседател на сите граѓани, дека нема да обединува, туку ќе ги дели граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

,,Со своите ставови, Сиљановска потврдува дека е дел од матрицата на Никола Груевски, матрица на поделби, омраза и конфликти, матрица која со години ја држеше државата во изолација и неизвесност. Сиљановска сака да биде новиот Ѓорге Иванов, партиски послушник кој ќе работи по насоки од Будимпешта, но граѓаните тоа нема да го дозволат. Граѓаните нема да дозволат Сиљановска да го урне концептот на едно општество, нема да дозволат Сиљановска, Мицкоски и Груевски повторно да ја вратат земјата во заложништво, во изолација и поделби. Граѓаните ќе го одберат Стево Пендаровски за вистински претседател кој води напред кон развој, напредок и интеграција, Мицкоски и Сиљановска нека се подготват за пораз“, се наведува во соопштението на СДСМ.