СДСМ: Се што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно
Сѐ што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно, толку му е знаењето.Христијан Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор.Лажеше Мицкоски уште минатата година дека јаглен има уште за два дена, а оттогаш поминаа речиси 400 денови, јаглен има доволно а термоелектранитего зголемија производството за 25 отсто.
Со месеци Мицкоски бараше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди.Сега, секој месец цената на гасот опаѓа и купувањето гас за пократки периоди се покажа како успешна одлука на Владата.Доколку се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.
Ете колку познавање има Мицкоски од енергетика, се што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе спротивно.Мицкоски уште еднаш покажа дека не се разбира во енергетика, дека го бива единствено да шири лажни вести и деструкции, тврдат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека ЕК Битола и Осломеј работат со половичен капацитет и дека власта лаже кога вели дека не се увезува струја.
-РЕК Битола и РЕК Осломеј заедно имаат инсталиран производствен капацитет од 810 мегавати. Тој капацитет не е искористен, ниту половично. Имено на 24 октомври според јавно достапни информации, а кои ги објавија и медиумите се гледа дека во функција биле 361 мегавати, односно 44,6% од инсталираниот капацитет. И во такви слаби услови, термоелектеаните произвеле над 70% од домашната струја.На 24 октомври се произвеле вкупно 11.000 мегават часови струја, од сите енергетски капацитети, а потрошени се 13.000 мегавати. Што значи дека се увезени 2.000 мегавати.
Со целосно искористување на капацитетот на РЕК Битола и РЕК Осломеј, што ќе беше можно доколку навремено се копаше јаглен и доколку беа целосно оперативни блоковите, само од термоелектраните ќе се произведеше близу 19.000 мегават часови струја. Но и под претпоставка истите да работеа со 70% од капацитетот, ќе се задоволеа потребите на државата, а останата струја од другите извори ќе можеше да се извезе и ЕЛЕМ ќе бележеше профит.Со 70% искористеност на РЕК Битола и Осломеј, се што би произвел ТЕЦ Неготино ќе се извезеше, а дополнителни количини ќе имаше и од хидроакумулациите и ветерниот парк Богданци, струја која е поефтина и би се искористила за домашна употреба, а таа од термоелектраните би можела да се продава.Со правилно оптимизирање, ЕЛЕМ во изминатиов период ќе можеше да врши извоз на струја од над милион евра дневно. А за увоз воопшто немаше да се зборува.СДС не знае да менаџира со енергетските капацитети, затоа и граѓаните и бизнисот плаќаат скапа струја, тврдат од опозицијата.