СДСМ почнува кампања „На прав пат“


СДСМ почнува нова кампања „На прав пат“, која ќе биде со лого во црвено бела боја, односно во боите на Партијата на европски социјалисти.

Владејачката партија новата кампања „На прав пат“ ја започнува викендов и тоа од Штип. Почнуваат и подготовките за новата кампања. Генералниот секретар на СДСМ најави и активирање на партискиот центар за аналитика и активности од врата до врата.(А.М.М.)