СДСМ реплицираше: Односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите е лицемерен


СДСМ реагираше на нападот од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон лидерот Зоран Заев, кој според нив недемократски се однесува кон медиумите, а во врска со вчерашната прес конференција на која тој некои новинари ги определи како контравладини.
-Апсење новинари, упади и затворање медиуми, погазување на слободите на граѓаните и неистомисленици, таков беше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и критичката јавност, цели 11 години.Поради таквиот однос на режимот на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава со години беше на дното на Европа по граѓански и новинарски слободи.
За разлика од таквото темно минато, денес владее слобода, секој отворено и без страв може да ја критикува власта, но и секој друг политички субјект во државата, а бројни извештаи на меѓународни организации и институции го препознаваат напредокот што Република Северна Македонија го прави во заштита и унапредување на новинарските слободи.
Тоа, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да може да го разбере, ниту пак да го обезбеди. Нивниот однос кон медиумите, кон граѓаните е лицемерен, потценувачки и затоа остануваат во опозиција и следните 4 години, стои во реакцијата на СДСМ.