СДСМ: Пресудата е потврда за епските криминали на ВМРО-ДПМНЕ
Владејачката СДСМ веднаш реагираше на денешната пресуда во случајот „Талир 2“ со која е конфискувано седиштето на ВМРО-ДПМНЕ а поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на уште шест години затвор.
„Пресудата за ‘Талир 2’ е нова потврди за епските граници на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата.
Со судска пресуда е докажано белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните.
ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.
Криминалната шема за белиод дворец е драстична, безобразна, епска“, рече на прес-конференција портпаролот и пратеник Дарко Каевски.
Според СДСМ, биле злоупотребени милионски суми, деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда да никне хотел.
„Исправена е уште една неправда. По правосилноста на пресудата, белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните.
Јавноста знае дека Христијан Мицкоски исто така му беше советник на Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. До ден денеска Мицкоски не само што се нема оградено од криминалот на неговиот ментор Никола Груевски, туку по секоја цена го брани.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија сѐ уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевски“, рече Каевски.