СДСМ прашува: Кој го води Скопје – Данела Арсовска или Христијан Мицкоски
Социјалдемократите и денеска го прозваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори во кое својство тој наводно преговара за купување на 100 автобуси за Скопје. И кој е градоначалник на Скопје – тој или независната кандидатка Данела Арсовска?
„Вчера Христијан Мицкоски јавно кажа дека преговарал со компании и дека била во завршна фаза подготовката на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје.
Оваа изјава е основа за можна корупција и криминал.
Затоа, пред просториите на Град Скопје ја прашуваме градоначaлничката Данела Арсовска: Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси? Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име?
Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за Бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД?
Граѓаните очекуваат одговори и дали претседателот на Советот Трајко Славевски бил вклучен во оваа партиска операција?
Вака Груевски преговараше со Јанкуловска ‘за тоа на м’. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Граѓаните очекуваат одговори од Арсовска“, рече во својата изјава Драко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.