СДСМ прашува дали роднините на директорот на СОЗР се вмешани во криминали


Мартин Костовски

 

Опозициската СДСМ денеска продолжи да поставува прашања за наводниот скандал за државен тендер од 3,5 милиони евра поврзан со роднини на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовоски.

Организацискиот секретар на партијата, Мартин Костовски, ги постави овие прашања:

„Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистриано фрима на иста адреса со подружницата на ‘Праеторион’ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија? Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил упасен во Србија, заедно со уште девет други лица, осомничени дека извршиле убиство?  Дали Гашиќ викан ‘Праки’ учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белград на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати?

Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на ‘Праеториан’ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога? Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски?

И конечно, дали е ова обид за создавање на нова СГС агенција на ДПМНЕ каде ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат државните институции и ќе се перат пари?“

СДСМ бара итна истрага од надлежните институции и постапување на Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија за овој тендер вреден 3,5 милиони евра и Владата да го разреши Томовски од функцијата додека трае истрагата.