СДСМ: Попис на населението ќе има напролет, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат

СДСМ и парламентарното мнозинство се посветени на носење на Законот за попис со кој во 2021 година ќе се одржи попис кој е неопходен за развојот на државата.

Со предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање.

Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари, велат од владејачката партија.

Неконструктивната опозиција и сега е против одржување на попис. Во собранието ВМРО-ДПМНЕ ги блокира дополнувањата на Деловникот ги блокира измените на Законот за здравствена заштита, Законот за внатрешни работи, едноставно опозицијата блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

Нашата држава е единствена во регионот и пошироко, која нема организирано попис 18 години.

Релевантни и точни статистички податоци за нашето население им се неопходни на граѓаните, институциите, бизнисот и науката, неопходни се за развојот и растот на економијата.

Затоа попис напролет ќе има. порачуваат од СДСМ.