СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси


Фото: Б. Грданоски

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, соопштија од партијата.

„Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата“, се вели во соопштението до медиумите.