СДСМ поднела кривични пријави за „бомбите“


СДСМ поднела кривични пријави за „бомбите“ што беа објавени деновиве, соопшти лидерот на оваа партија, Зоран Заев, во интервју за МИА.

-Поднесовме веќе кривични пријави за незаконско прислушување, за незаконско снимање кое што се случува и бараме тоа да се истера на крај. Точно, не заради тоа што се плашиме од тие разговори, а тоа е пример како треба да се однесуваат и сите други коишто се цел на вакво незаконско прислушување. Законот вели дека е кривично дело незаконското прислушување дури и кога седиме на состанок и некој снима не мора телефонски да разговараме, снимањето е недозволиво, секако освен ако е објавено јавно за потребите на стенограми или било што од одредени состаноци.За тоа треба да постои одговорност. Но, нека им е на чест на нашите опоненти тоа што го прават со цел.

СДСМ кога објавуваше прислушувани разговори тоа го направи транспарентно. Излеговме на говорница, штитејќи ја комплетно приватноста на луѓето, секаде каде што постоеја индиции за криминал или неетичко однесување со тенденција за криминал, тоа јавно го објавивме, го составивме и срочивме во кривични пријави и го доставивме до тогашното ЈО коешто помина понатаму во СЈО. Така да, кукавички е да се пуштаат разговори на начин на којшто се крши законот денеска тоа е типично само за опозицијата. СДСМ секојпат тоа го правел согласно закон како што е дозволено, објавувајќи со кривични пријави во времето кога дури и кога не беа забранети јавните објавувања на разговорите, рече Заев.

Според него, СДСМ на овие избори е решена да оди со комплетно позитивна кампања.

-Мислиме дека со мерките од платите до пензиите до комуналната инфраструктура каде што ветуваме, зборувајќи за редот, дисциплината и правната држава, реформите во образованието и севкупната администрација који што следуваат, еко држава, сите оние столбови на нашата програма се толку многу важни да допрат до луѓето да знаат која е иднината, така што воопшто немаме време, ниту можност во нашите настапи да зборуваме негативно, освен правејќи паралела што е различно помеѓу нас и нашите опоненти.

За разлика од нас, нашите опоненти комплетно од спотови до наративи и верувам дека господинот Мицкоски и на сонот со Заев збори или се штрека од Заев заради тоа што ме има во сите спотови. Ова е една грозотија, кој и да е, јас сум еден обичен човек, не може да се изначудите кој е тоа психолошки  стадиум на мозокот на еден човек за да може да има една толкава преокупација за да води таков вид на кампања, а знам дека тоа ќе им се врати негативно, вели Заев.

Тој тврди дека од 2017 наваму нема прислушкување освен со судски налози.

-Од 1 јуни 2017 наваму нема никакво прислушување. Апсолутно никој од јавните институции немаат допир до тоа, дури ОТА како агенција која што ги прави конекциите нема право на увид на материјал или што било. Толку е разграничено со европските директиви, тоа го работевме во реформите на безбедноста  заедно со европската делегација, ЕК, со многу експерти дојдени, плус од НАТО и јасно е разграничено, не постои никакво прислушување во државата, освен со судска пресуда за истрагите против кршењето на законите во Македонија, вели Заев.

 

Дали поднесовте кривични пријави?