СДСМ: Парите од унгарскиот кредит се кинески
„Од ден во ден станува се појасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат во скратена постапка да го донесат овој закон. Вчерашните инфомрации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески. Па, го прашуваме Мицкоски, зошто ја лажеше јавноста за ова?“, прашуваат од СДСМ.
„Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповилни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава на нас? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес.Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.
Јасно е дека со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.Очигледно власта сака да ја сокрие корупцијата и политичките интереси кои се основа на овој закон. Без дебата, без информирање на граѓаните, набрзина да го истуркаат скандалозниот и коруптивен закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција по скратена постапка.Мицкоски на овој начин си испиша корупција на чело“, тврди Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија дека на општините водени од СДСМ не им пречеле унгарските пари.
„Филипче продолжува да биде против капиталните проекти за кои се обезбедени унгарските пари и против бизнисот кој ке се развива преку супер евтини кредити кои ќе се стават на располагање. за небулозите за тоа дали биле кинески или африкански пари доволно е СДС да поседува елементарна писменост за да дознае. Ваквата состојба на тотална безидејност ја тера СДС да критикува само колку да критикува и постојано да употребува ќорфишеци. Ја разбираме кризата во СДС, но нема да дозволиме со себе да ја повлечат и Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ игнорирајќи ги тврдењата дека парите се всушност – кинески, и дека не ја кажуваат вистината за нивното потекло.