СДСМ отвори промотивни штабови во Бутел и Гази Баба


Од отворањето на шѕабот на СДСМ во Бутел

 

Пред голем број поддржувачи и партиски членови СДСМ вечерва отвори промотивни штабови во две скопски општини – Бутел и Гази Баба. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, на отворањето на штабот во Бутел рече дека „СДСМ создаде слободна, демократска држава, во која секој слободно може да го искаже своето мислење, без да шепоти и без да стравува. Денес можат сите заедно да седат рамо до рамо, да работат заедно, да живеат заедно и сето тоа да биде во интерес на прогресот на државата“.

Тој нагласи дека „од заробена држава, во изолација, далеку од НАТО и ЕУ денеска сме горда челнка на НАТО алијансата. Земја која претседаваше со ОБСЕ и која има најсилна меѓународна поддршка од сите земји во регионот. Колку е важно членството во НАТО, видовме за време на војната во Украина. Колку е важно членството во ЕУ, гледаме секој ден и од финансиската поддршка и од проектите и од плановите кои ги правиме заедно со нив“.

Според него, граѓаните на изборите во април и мај „Ние во април и на 8 мај имале едноставен избор -на една страна прогрес, среќни граѓани, држава која се развива и на друга страна, изолација, кавга со соседи, кавга внатре, држава која ја гледавме таква потоната 11 години. „Со Хрватска бевме во 2005 година на исто рамниште, гледајте каде е Хрватска, заради нив 11 години стоевме во место“, рече Ковачевски.