СДСМ официјално предложи избори на 14 јуни


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција соопшти дека по состанокот со коалициските партии произлегол заклучокот на средбата кај претседателот Стево Пендаровски да се замине со предлог изборите да се одржат на 14 јуни. Според Заев, потребни се кредибилни институции со полн капацитет за справување со кризата.

„Веќе втор месец сме во вонредна состојба, повеќе од четири месеци имаме техничка влада, три месеци е распуштено Собранието. Потребни се Собрание и Влада за да преземат конкретни чекори пред сѐ во надминување на економската криза“, рече Заев.

Мора да се искористи моментот за намалување на епидемијата на корона вирусот и да се оди на избори на 14 јуни, дотогаш би требало да се намали интензитетот на инфекциите. „Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик. Тоа би ѝ дало можност на државата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални институции“, изјави Заев.