СДСМ очекува сите пратеници да го поддржат законот за спречување дискриминација


Владејачката СДСМ ги повика сите пратеници да го поддржат Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, изјави денеска пратеничката Снежана Калеска-Ванчева. Според неа, ова законско решение ќе обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација.
Новиот закон, велат од СДСМ, е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во оваа област.

Преку новиот Закон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција.

Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, на кои основната грижа ќе им биде заштитата на граѓаните, рече Калеска-Ванчева.