СДСМ обвинува: ЈСП купува гориво за цена многу повисока од пазарната


Автобуси на ЈСП пред Влада/ Фото; Б. Грданоски
 Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, обвини денес дека  бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ се единствената причина за колапсот што му се случува на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Според Шутаров, ЈСП склучило договор со кој ќе набави 14,5 милиони литри дизел гориво по цена од 100 денари за литар плус 18 отсто ДДВ, односно за 118 денари за литар, а цената на горивото денес е 86,5 денари за литар.

-Вредноста на договорот е 1,71 милијарда денари со ДДВ или скоро 30 милиони евра.
Цената на дизел горивото, денеска изнесува 86,5 денари за литар, а дневната потрошувачка на гориво на ЈСП е помеѓу 25 и 28 тони. ЈСП дневно прави загуби од 1.000.000 денари или месечно околу 500.000 евра.Ова е класичен пример како се испумпуваат пари од граѓаните и пример како Јавното претпријатие влегува во загуба. Каде завршува разликата од реалната цена и цената утврдена во Договорот која е далеку повисока?

Одговорност за овој класичен пример на расипничко трошење на народните пари треба да понесе Управниот одбор, чии членови се главно активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ. 
Со вакво неодговорно, расипничко раководење ЈСП е во колапс, а Градот влегува во банкрот, обвини тој..