СДСМ: Ноторна лага е дека против Заев се води странска истрага


СДСМ реагираше на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека против лидерот Зоран Заев се води истрага во странство, порачувајќи дека Христијан Мицкоски е толку преплашен од тотален пораз на парламентарните избори што тој и партијата буквално забегале со лажните вести и конструирани сценарија.
-Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ лажните вести да ги темелат на дезинформации и шпекулации, но овој пат отидоа чекор понатаму што лагите ги темелат на сведоштва како оние на Мицкоски, се видов  не се видов, го „поткрепам“ па не „поткрепам“ Договорот.Ноторна лага е дека против претседателот Зоран Заев се води каква било истрага надвор од државата, ВМРО-ДПМНЕ безобразно лаже.
Граѓаните никогаш нема да го заборават режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ базирано на лаги и конфликти, нема да го заборават деструктивното однесување на Мицкоски во време на криза и оттука е стравот на оваа партија од пораз на изборите кога и да се случат и оттука поривот секојдневно да пласираат лажни вести, стои во реакцијата на СДСМ.