СДСМ: Николоски е остаток на режимот


И СДСМ реагираше на тврдењето на Александар Николоски дека и покрај потпишаната спогодба за добрососедство  менувањето на името, Бугарија ги условува преговорите на Македонија со ЕУ.

-Преговорите не се условени. Бесрамноста на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ оди до таму што и во време на криза од светски размери од кои не е поштедена ниту нашата држава, продолжуваат со бесмислени лаги од краток рок.

Истиот тој Николовски кој ја лажеше и убедуваше јавноста дека нема да добиеме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ, денес лаже повторно.Уште една лага во низата на Николовски е дека нашиот сосед Бугарија го условува датумот за преговори со Европската Унија.Одлуката на ЕУ за почеток на преговори со нашата таткова, и покрај желбата на ВМРО-ДПМНЕ и Николовски никогаш да не се случи, е реалност и не условена од никого, велат од СДСМ, оценувајќи дека Николоски е уште еден остаток од режимот на Никола Груевски и „докажан креатор на лажни вести со судска пресуда“.