СДСМ: Најавата на Груевски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта


СДСМ смета дека најавата на „осудениот криминалец Никола Груевски“, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, Мицкоски исполнува. Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски. Мицкоски нема храброст ништо да направи, дури ниту да постапи по Закон и Устав, ниту да донесе некаква одлука“, стои во реакцијата на владеачката СДСМ по најавата на експремиерот Груевски дека наредните денови од Собранието ќе достави дека се повлекува од пратеник.

СДСМ заклучува дека со овој чин Груевски го спасува Мицкоски, и дека оставки од морални причини треба да поднесат и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, меѓу кои и Трајко Вељановски, Тарчуловски, Милошовски.