СДСМ: На кои политичари Мицкоски им велел дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?


На кои домашни и странски политичари Мицкоски им велел дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?-прашува СДСМ во една од повеќето преписки меѓу двете партии во кои взаемно се обвинуваат.

-На лицемерието на Христијан Мицкоски му нема крај. Како докажан анти – ЕУ политичар јавно декларира дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, па дури и мафташе со некакви изјави заверени од нотар дека пратениците од опозицијата се обврзале дека нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот. Но, Мицкоски едно прави во јавноста, а сосема друго зад затворени врати.  Мицкоски да одговори дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“?

Јавноста заслужува да ја знае вистината, на кои домашни и странски политичари Мицкоски и велел дека ќе го сменел Уставот доколку му дале власт?- порачуваат од СДСМ со оценка дека расте  стравот и нервозата кај Мицкоски, бидејќи Апасиев му ги зема гласовите и тој затоа станува се поекстремен.