СДСМ: Милошоски е лажен патриот, тајно преку телефон преговараше ново име на државата


Антонио Милошоски е истиот оној кој целата јавност го слушна како тајно преку телефон преговараше ново име на државата, како за него е прифатливо ,,сложено име, посложено здравје” и дека нема проблем да биде Горна, Долна Македонија, во заграда или без заграда Вардар, пред или по Република, се вели во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, Милошоски е дел од матрицата на лаги, лицемерие и лажен патриотизам, истата матрица на која и припаѓа и Сиљановска која наутро зборува едно, а попладне друго.

„Милошоски, Мицкоски и Сиљановска се неодговорни, нечесни и лицемерни кон граѓаните. Затоа, на изборите граѓаните ќе ја поразат таа деструктивна матрица и ќе изберат вистински претседател кој ќе ја засташува државата. Граѓаните ќе ги изберат Стево Пендаровски, претседател кој ќе води напред кон интеграција во ЕУ и НАТО“, се наведува во соопштението.